ТРАГЕДИЈА ВО АЛБАНИЈА: Брат уби брат и внук со калашников па се самоуби, еве ја причината

Балканвеб

Старо недоразбирање околу имот меѓу двајца браќа во Клос, Албанија, заврши со тројца убиени.

Браќата Сали и Кујтим Дакуци го извадиле оружјето и пукале меѓусебе. И двајцата живееле во сиромаштија, а меѓусебниот конфликт траеше подолго време. Но од куршумите настрада и 17-годишниот син на Кујтим.

Топ Чанел јавува дека по трагедијата, Сали во тешка психолошка состојба поради двојното убиство кое го извршило, се самоубил.

Албанската полиција го пронајде оружјето и по испрашувањето на членовите од двете семејствата, ја констатираше причината за оваа тешка трагедија.

Балканвеб јавува пак дека една ограда и три дрвја се причината за ова злосторство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот