Тони Надал: Алкараз има најмногу шанси да ја наследи „големата тројка“

Карлос Алкараз со трофејот на грен слем турнирот „УС Опен“/фото: EPA-EFE/RAY ACEVEDO

Шпанскиот тренер Тони Надал изјави дека 19-годишниот Карлос Алкараз има најголеми шанси да ја замени „големата тројка“ која ја сочинуваат Рожер Федерер, Рафаел Надал и Новак Ѓоковиќ, пренесуваат шпанските медиуми.

Пред пет дена Алкараз за првпат во кариерата освои титула на Грен слем турнирите, откако во неделата триумфираше на „УС Опен“.

Младиот шпански тенисер од понеделник и официјално е број еден на АТП листата.

– За две недели Карлос постигна нешто за што многу одлични тенисери сонуваат во текот на нивните кариери. Зрелоста со која успеа да го оствари ова е тешко да се надмине. Ми кажаа за него кога имаше 12, 13 години. Првпат го гледав кога имаше 14, 15 години. Тогаш ме импресионираше. Алкараз покажа дека е тенисерот кој има најмногу шанси да ја замени „големата тројка – рече Тони Надал.

Тони Надал беше тренер на Рафаел Надал од 1990 до 2017 година. Тој во моментов е тренер на канадскиот тенисер Феликс Оже-Алијасим.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот