Том Хенкс ќе биде домаќин на свечената програма на инаугурацијата на Бајден

Фото: EPA-EFE/ETIENNE LAURENT

Актерот Том Хенкс ќе биде домаќин на свечената програма на инаугурација на Џо Бајден на 20 јануари, објавија организаторите на настанот.

Во специјалната емисија, што ќе трае 90 минути и ќе се вика „Ја славиме Америка”, ќе учествуваат и други познати личности во САД, како Џон Бон Џови, Деми Ловато, Џастин Тимберлејк и Ент Клемонс.

Бајден и потпретседателката Камала Харис ќе положат свечена заклетва на 20 јануари и ќе одржат воведен говор на церемонијата.

Програмата ќе се емитува на „Си-Би-Ес“, „Еј-Би-Си“, „Си-Ен-Ен“, „Ен-Би-Си“, МСНБЦ и ќе се емитува на Јутјуб, на Фејсбук, на Твитер и некои други онлајн платформи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот