Тинејџери тргнале од Тетово кон Скопје со пиштол во кола и „трева“ во џеб

Полиција - пункт / фото: EPA/EFE. Georgi Licovski

Три малолетни момчиња, чијашто точна возраст не се соопштува, се приведени вчеравечер откако со автомобил во кој имале пиштол и марихуана, тргнале од Тетово за Скопје, соопшти полицијата.

„На 05.09.2022 во 22.00 часот на регионалниот пат Тетово-Скопје, кај клучка Групчин, полициски службеници од Полициското одделение Групчин лишиле од слобода двајца малолетници од Тетово и еден малолетник од с.Голема Речица, тетовско. При преглед кај лицата и во возилото „Сеат Ибица“ со тетовски регистарски ознаки, кое го управувал малолетникот од Голема Речица, кај едниот малолетник од Тетово биле пронајдени марихуана, пиштол „Woltra Combat“ калибар 9мм без документи и една дробилка“, велат од МВР.

Тројцата биле приведени во полициска станица и во присуство на нивните родители, со нив бил извршен службен разговор. По целосно документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави, пишува во полициското соопштение.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот