Тинејџер во бразилско училиште убил ученичка и ранил уште тројца други

Пукање во бразилско училиште / Фото EPA-EFE/Isaac Fontana

Шеснаесетгодишен ученик утрово влегол во училиштето Сапопемба во градот Сао Паоло и почнал да пука при што убил една ученичка со истрел во главата и рани уште три лица.

Полицијата го уапсила напаѓачот.

Нападот почнал во 7 часот и 30 минути по локално време, соопшти полицијата, а како што се наведува ученикот кој пукал бил жртва на малтретирање.

– Бидејќи повеќе не можел да го поднесе малтретирањето во училиште, поточно хомофобијата, решил да го земе пиштолот на татко му. „Тој додаде дека мајката веќе поднела жалба поради малтретирањето што го претрпел нејзиниот син, а притисокот дополнително се зголемил кога тој решил да носи женска облека, изјавил адвокатот на момчето, пренесува „Ел Паис“.

Владата на Сао Паоло соопшти дека во престрелката биле погодени тројца ученици.

– Еден ученик загина, а тројца се во болница, меѓу кои и еден кој беше повреден додека се обидуваше да избега. Сите жртви се женски, се вели во соопштението.

Според една неодамнешна студија на бразилскиот форум за јавна безбедност, оваа година имало осум слични настани во Бразил.

Напаѓачот употребил огнено оружје и покрај тоа што набавката на оружје во Бразил е многу покомплицирана отколку во САД.

Минатиот април четири деца помлади од седум години беа убиени во градинка во Бразил. Тој настан следеше неполн месец по убиство на ученик во училиште.

Полицијата уапси повеќе од 200 тинејџери поради ширење закани.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот