Тиаго Силва: Веројатно го одиграв мојот последен натпревар во Лигата на шампионите

фото: EPA-EFE/Clive Rose

Дефанзивецот на Челси, Тиаго Силва зборуваше за елиминацијата на неговата екипа од Лигата на шампионите.

Лондонските „сини“ во четвртфиналето загубија од Реал Мадрид со вкупен резултат 0:4.

– Малку разочаран и малку лут во исто време. Можеби тоа беше мојот последен натпревар во Лигата на шампионите. Штета е што заврши вака. Мора да се стремиме да победиме на секој од седумте преостанати натпревари од сезоната. Кога ќе облечете дрес на Челси, само треба да го направите тоа. Клубот е во многу тешка ситуација, но мораме да ја кренеме главата и да продолжиме да работиме – рече Силва за прес-службата на лондонскиот тим.

Бразилскиот 38-годишен одбранбен играч веќе ја освои ЛШ со клубот во 2021 година.

Челси е моментно на 11 место во Премиер лигата со 39 бодови од 31 натпревар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот