Теута Арифи во прекрасно издание и со силна порака до сите жени (ФОТО)

Фејсбук/Теута Арифи

Градоначалничката на Тетово, Теута Арифи е позната по нејзиниот прекрасен моден стил, но и по силните пораки што честопати ги праќа до сите жени.

Таа речиси при секое појавување останува верна на нејзините модни парчиња. И во објавените фотографии на Фејсбук профилот од настан во средата, Арифи изгледа како вистинска дама во костим во црно-сива комбинација. Но, бидејќи октомври е месецот на подигнување на свеста за ракот на дојка, Арифи гордо го носеше и розевиот симбол.

Фејсбук/Теута Арифи

Само за потестување, градоначалничката на Тетово го победи токму ракот на дојка пред многу години и тоа во период кога беше бремена и по секоја цена го роди нејзиното дете. Таа во интервју за „Слободен печат“ неодамна, прашана како го пребродила тој период, изјави :

– Тоа беше исто така многу чувствителен и многу тежок период за мене и за моето семејство. Јас бев 4,5 месеци бремена кога откривме и сите анализи покажаа дека станува збор за рак на дојка. Мислењето беше дека доколку се прекине бременоста ќе имам шанси повеќе поради хемотерапијата, која требаше да се одложи тогаш до породување, а тоа беше уште нови 4,5 месеци. Јас не сакав нормално да се откажам од мојот син и очигледно и тој не сакаше да се откаже од мене. Затоа што по двете операции кои ги поминавме на дојката, по операциите ми се ставаше ЦТГ-то и плодот беше жив. Значи колку што се борев јас за него, тој исто така се бореше за себе и за мене. По породувањето бев на шест циклуси на хемотерапија и сега одам на редовни контроли и во моментов сум добро.

Инаку, Арифи вчера во училишетот „Лирија“ во Тетово ги промовираше новите простории каде децата со посебни потреби ќе го следат образовниот процес.

Фејсбук/Теута Арифи

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот