Тетовци и денес излегоа на протести за покачената цена на струјата

Организацискиот одбор на иницијативата „Доста е”  денеска во соработка со месните заедници, организираше протести во четири рурални средини во тетовско со цел да се изрази незадоволството од зголемувањето на цената на електричната енергија.

-Граѓаните се собраа на јавни протести во центарот Желино (Општина Желино), во дворот од основно училиште во Челопек, Општина Брвеница, во дворот на училиштето во Боговиње, Општина Боговиње како и пред општинската зграда во Теарце, Општина Теарце, информираа од иницијативата.

Граѓаните бараат пониска цена на струјата за 46 отсто, укинување на Регулаторната комисија за енергетика, да се намали ДДВ од 18 на 5 отсто, како и да се формира независен арбитрарен орган кој ќе го верификува квалитетот на услуги и ќе ги адресира поплаките на граѓаните од енергетските компании.

Ова е седма недела како се организираат јавни протести и собири во Тетово на кој што се изразува револтот од зголемените цени на електричната енергија.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот