„Тешки времиња за Ромео и Јулија“: Италија на мета на критики заради новите правила

Во новата фаза на соочување на Италија со вирусот Ковид-19 од 4 мај ќе бидат дозволени посети на членови на фамилии, без собирање на поголем број на луѓе, но не и посети на оние со кои граѓаните „немаат врска призната од законот“.

  • Тешки времиња за „Ромео и Јулија“ во време на коронавирусот, пишува италијанскиот весник Стампа, наведувајќи дека од 4 мај граѓаните имаат „зелено светло“ за состаноци со сопружниците, родителите, бабите, дедовците, вујковците, внуците, браќата, сестрите, но не и со девојките или момците.

Од 4 мај повеќе од 60 милиони граѓани на Италија ќе имаат поголема слобода на движење во регионот по речиси два месеци изолација при рестриктивните мерки воведени заради вирусот Ковид-19.

Со новиот декрет кој премиерот на Италија, Џузепе Конте го претстави вчера се опфатени посетите на оние со кои граѓаните се во крвно сродство или законска врска, пишуваат италијанските медиуми. Тие додаваат дека ова правило би можело да се смени поради незадоволството кај голем број на граѓани.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот