Тешка сообраќајка во Арачиново: Полицајци вршеле увид на незгода, па и сами настрадале

Македонска полиција / Фото: МИА

На 07.08.2021 во 16.55 часот во СВР Скопје било пријавено дека на обиколница Скопје, во правец од с.Арачиново кон с.Сарај, пред с.Смилковци, додека полициски службеници вршеле увид на сообраќајна незгода, се случила уште една сообраќајна незгода.

Притоа Р.А.(32) од с.Отља, општина Липково, управувајќи патничко возило „сеат леон“, со кумановски регистарски ознаки, удрил во товарно возило ,,ман“, со полуприколка „шмидс“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Љ.А.(55) од Скопје, по што удрил во возило „бмв“, со германски национални ознаки, кое било учесник во претходната сообраќајна незгода и во службено патничко возило на МВР. Со телесни повреди се здобиле полициските службеници и возачот Р.А., кои биле пренесени во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ за укажување лекарска помош.

Бил извршен увид на местото.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот