„Терористичко ѓубре“: Вучиќ гневен на Курти по назначувањето на Рашиќ за косовски министер

Александар Вучиќж / Фото: Архива

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, вечерва жестоко ја критикуваше одлуката на косовскиот премиер Албин Курти да го постави Ненад Рашиќ за косовски министер за заедници и враќање. Вучиќ ја нарече Рада Трајковиќ, која беше поставена за советничка на Рашиќ, „српско ѓубре од дното на кацата“, додека на Курти му даде епитет „терористичко ѓубре“, пренесе Н1.

-Изборот на Рашиќ, човек кој освои помалку од еден процент, како и на Рада Трајковиќ, која беше на неговата листа, покажува дека тие сакаат прогон, протерување и исчезнување на Србите на Косово и Метохија. И сега имам неколку работи да кажам, пред официјалното обраќање и средбата со Вархеји (најавена за утре), ако до тоа воопшто дојде, изјави Александар Вучиќ во неговото телефонско вклучување во програмата на ТВ Пинк.

Тој додаде дека од Рашиќ и Трајковиќ „нема полоши“ и дека ја немаат довербата на Србите во Косово, „туку довербата на западните агенции и терористичкото ѓубре Курти“.

Тој, како и претходно премиерката Ана Брнабиќ, ја нарече „срамна“ реакцијата на ЕУ за именувањето на Рашиќ и нагласи дека поради ова српската делегација нема да учествува на самитот на ЕУ – Западен Балкан во Тирана.

-Никој од Србија нема да биде во Тирана на 6 декември, а вие доаѓајте убаво, земајте дневници, патувајте како сакате, сите вие од Европа, сите вие од Западен Балкан, оговарајте за тоа како Србија е виновна за нешто, рече Вучиќ.

Обраќајќи му се на Курти, Вучиќ му порача „да води сметка да не повреди ниту еден Србин, заедно со квислинзите што ги избрал“, бидејќи Србите заедно со државата Србија „ќе знаат како да одговорат“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот