Телото на „белгискиот Рамбо“ најдено во парк
Телото на Јирген Конингс, професионален војник кој беше во бегство, кој беше баран од белгиската полиција повеќе од еден месец, е пронајдено во националниот парк Хоге Кампен.
Телото на Конингс го откриле пешаци во шума недалеку од Дилсен-Стокем. Според првите индиции, тој извршил самоубиство, пренесуваат белгиските медиуми.
Конигс кој белгискиот печат го нарече „белгиски Рамбо“, исчезна на 17 мај, откако украде четири противтенковски ракетни лансери, митралез и пиштол од две воени касарни, каде што беше сместен.
Во пораката што ја остави зад себе, тој состави список со имиња на 10 лица што сака да ги убие. Водечкиот белгиски виролог Марк Ван Ранст и министерот за одбрана Лидивин Дедонд, наводно, биле на таа листа.