Техеран: Одлуката на Бахреин е големо предавство на исламот и Палестинците

Фото: Профимедиа

Договорот меѓу Израел и Бахреин е големо предавство на исламот и Палестинците, напиша на Твитер специјалниот советник за меѓународни односи на претседателот на иранскиот Парламент Хосеин Амир-Абдолахијан, реагирајќи на договорот меѓу двете земји за воспоставување дипломатски односи.

– Несовесните лидери во Обединетите Арапски Емирати, не смеат на Бахреин да му трасираат патот до ционистичките шеми. Тие треба да извлечат поуки од историјата. Утре е доцна, напиша на Твитер Амир-Абдолахијан, кој е и поранешен заменик министер за надворешни работи на Иран.

Бахреин денеска ги нормализира односите со Израел, како дел од пошироката дипломатска кампања на американскиот претседател Доналд Трамп и неговата администрација за целосно интегрирање на еврејската држава во Блискиот исток.

Уште една победа за Трамп: Бахреин ќе ги нормализира односите со Израел

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот