Тажна вест: Почина поранешниот претседател на МЗТ Скопје, Јово Панајотовиќ

Фото: КК МЗТ Скопје

MЗТ Скопје денес ја прослави убедливата победа против ТФТ за пласман финалето на Купот на Македонија, но подоцна клубот добил тажна вест.

Како што објавија на официјалната страна клубот, починал поранешниот претседател на „штрковите“, Јово Панајотовиќ.

„Додека ја славевме победата над ТФТ и пласманот во финалето од Купот на Македонија ни дојде тажна вест за смртта на еден од најзаслужните за постоењето на модерниот МЗТ Скопје, поранешниот претседател на клубот, Јово Панајотовиќ“, стои во објавата на аеродромоци.

Панајотивќ беше генерален директор на фабриката „Металски Завод Тито“, која важеше за најдобрата металопреработувачка компанија во поранешна СФР Југославија, кога во 1984 година КК Скопје го доби историскиот предзнак со три букви со кои сѐ уште се испишува блескава историја.

Неговата љубов кон кошарката и клубот донесе голем квалитет и преселба во Аеродром, каде што брзо прераснува гордост на оваа скопска населба, прво во популарната „Лименка“, а во последната деценија во прекрасниот СЦ „Јане Сандански“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот