Татко и син од Скопје уценувале момче со експлицитни снимки, уапсени се со обележани пари

Пари/ Фото: ,,Слободен печат'' - Драган Митрески

Скопската полиција денеска уапсила двајца жители на градот, татко и син – Т.С.(18) и С.С.(46), поради основано сомнение за сторено кривично дело „уцена”.

„На 20.05.2023, Т.С. побарал од 21-годишен скопјанец пари, заканувајќи се дека доколку не му ги даде, ќе објави видеа од 21-годишниот скопјанец со експлицитна содржина. Оштетениот на 23.05. му дал пари на Т.С., но тој потоа продолжил со јавувања и барал уште пари, по што оштетениот го пријавил случајот во СВР Скопје“, велат од МВР.

„Откако на оштетениот му се дадени претходно крим-технички обработени пари, тој се договорил со Т.С. парите да му ги предаде пред трговски центар на бул. „К.Ј. Питу”. Т.С. дошол заедно со својот татко С.С. и откако ги зеле парите, веднаш се уапсени, по што во службен разговор го признале кривичното дело“, се додава во полициското соопштение.

По документирањето на случајот, против таткото и синот ќе биде поднесена кривична пријава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот