Тарт со сливи

фото: Инстаграм

Сливите не мора да се јадат само свежи, пробајте ги во еден поинаков десерт. Добро е што додека им е сезона можете да ги  замрзнете или да ги исушите, па во тек на зимата повторно да уживате во овој вкусен тарт. 

Состојки:
– 75 г брашно
– 40+75 г путер
– 40 г бисквити
– 2 лажици мелени бадеми
– 100+ 40 г шеќер
– 600 г сливи
– 25 г излупени бадеми
– 1 кесичка ванилин шеќер

Подготовка: 
Ставете го брашното во сад со прстофат сол и издробете 40 г путер. Издробете ги бисквитите крупно и додајте ги во смесата со путер. Додајте ги мелените бадеми и 40 г шеќер. Промешајте и истурете ја смесата во плех за тарт обложен со хартија за печење. Лесно притиснете со рацете да се спои тестото. Во сад стопете го останатиот путер, додајте го останатиот шеќер, ванилата и мешајте додека се формира пена. Додајте ги лупените сливи исчистени од семки и исечени на пола, со заоблената страна надолу. Гответе на средна температура додека се карамелизираат. Префрлете ги во тавата со тесто, па ставете го да се пече во рерна на 200 степени околу 25 минути. Пред послужување посипете со сечкани бадеми.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот