Таравари ќе ја држи Македонија подалеку од руско влијание

фото: социјални мрежи/Билал Касами

За нас пријателството со САД е свето, неуморно ќе работиме со нив за интегрирана Македонија во ЕУ и далеку од руското влијание – порача Таравари од вечерашниот митинг, во очи на предизборниот молк

Коалицијата „Вреди“ и кандидатот за претседател  Арбен Таравари одржаа митинг на Плоштад „Скендербег“ во близина на Старата скопска чаршија.

фото: социјални мрежи/Билал Касами

Таравари во својот говор истакна дека на последниот собир во Скопје доаѓа по многуте средби и собири низ државата, вклучително и дијаспората, и дека внимателно ги слушале проблемите на граѓаните со кои се соочуваат веќе 22 години.

фото: принтскрин/ВЛЕН

„Овде доаѓаме по многу собири и состаноци низ другите градови и села во државата, каде што ги видовме и допревме секојдневните проблеми на нашиот народ. Сиромаштија и невработеност, проблеми во клиниките и болниците, немање инвестиции и субвенции. Ова е за жал реалноста на нашиот народ по 22 години неодговорна и корумпирана власт. Доаѓаме тука и по средбите со Албин Курти и многу пријатели и браќа од Косово, кои ја поддржуваат нашата победа, многу сме свесни за задачата што не чека, затоа се здруживме сите како АЛИЈАНСА, со заедничко ДВИЖЕЊЕ, да дадеме ЗБОР(БЕСА), и под бројот 6 да нудиме АЛТЕРНАТИВА која ВРЕДИ(ВЛЕН)”, рече Таравари.

Таравари изјави дека е за Северна Македонија членка на Европската Унија, со трајно пријателство со САД и дека делата на коалицијата ВЛЕН ќе бидат целосно во согласност со стратешкиот интерес на САД.

„Како претседател на Републиката, се обврзувам дека мојата надворешна политика ќе се заснова на европски и прозападни вредности, со цел членство на земјата во Европската унија. Тоа ќе го постигнеме со поддршка на нашиот постојан сојузник, без помош на кого не би биле таму каде што сме денес – Соединетите Американски Држави. За нас пријателството со Америка е свето и Коалицијата ВЛЕН вети дека секој чекор што ќе го преземеме во иднина ќе биде целосно во согласност со стратешкиот интерес на САД, односно Северна Македонија интегрирана во ЕУ и далеку од руските влијанија, Северна Македонија излечена од епидемијата на корупција како предуслов за социјален и економски развој. Како претседател на Републиката, ветувам дека посветено ќе работам Северна Македонија да биде безбедна држава и да ја промовира регионалната безбедност и мир. Ќе се погрижам да имаме кредибилни одбранбени капацитети, како дел од нашите обврски во НАТО и ЕУ”, рече Таравари и додаде дека ќе се бори да ја врати довербата во правосудниот систем со борба против корупцијата и дека со сето свое битие ќе ја брани  консензуалната демократијата , слобода на изразување и правосуден систем.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот