Талески пред мечот со Луксембург: Во денешниот ракомет нема фаворити

Филип Талески, еден од лидерите на македонската ракометна репрезентација/фото: Слободен печат - Драган Митрески

Најдобрата македонска репрезентација в среда (12 октомври) ќе ги почне квалификациите за пласман на Европското првенство 2024 година со натпреварот против Луксембург.

Овој меч ќе стартува од 19.00 часот во СЦ „Борис Трајковски“ – Скопје, влезниците се веќе во продажба, а истите може да се набават на страницата на МК Тикетс, како и на сите продажни места на МК Тикетс низ државата. Продажната цена на влезниците за натпреварот е 50 и 100 денари.

Селекторот Кирил Лазаров вели дека ова е нова репрезентација, различна од претходната. Сега ги нема Миркуловски, Стоилов, Лазаров, помладени со неколку поискусни играчи кои веќе имаат поголема улога до сега.

Левиот бек на РК Вардар 1961, Филип Талески смета дека Македонија има шанси да се пласира на ново ЕП.

– Ова е нов циклус, идејата и целта остануваат исти. Заслужуваме често да бидеме на големите натпреварувања. Имаме убава група, можеме да се пласираме на ЕП. Сега ги нема Лазаров, Миркуловски, Стоилов, кои беа лидери и мотиватори. Време е да го понесеме товарот. Претходните месеци покажавме дека дека сме способни за тоа. Како пример го земам РК Алкалоид каде селекторот е прв тренер. Екипата игра динамичен ракомет, во стилот на европските клубови. Во денешниот ракомет нема фаворити. Сакаме две победи и да бидеме подготвени за Португалија – се зборовите на Талески.

На 16 октомври ќе го играме вториот меч од квалификациите во Ван против селекцијата на Турција. Двата дуели со Португалија, кои најверојатно ќе бидат борба за првото место, се закажани за март 2023 година. Потсетување дека првопласираните две репрезентации од секоја квалификациска група, како и четири најдобротретопласирани ќе се најдат на ЕП 2024.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот