Лазаров пред Луксембург и Турција: Ќе пробаме да играме еден нов модерен ракомет

лазаров
Кирил Лазаров, селекторот на македонската ракометна репрезентација/фото: macedoniahandball.com.mk

Денеска македонската сениорска репрезентација предводена од селекторот Кирил Лазаров го имаше собирот во пресрет на првите два натпревари од квалификациите за пласман на Европското првенство 2024 година во Германија.

На 12 октомври е првиот меч во Скопје во СЦ „Борис Трајковски“ против Луксембург, а влезници можете да си обезбедите онлајн на интернет страницата на МК Тикетс, како и на сите продажни места на МК Тикетс низ државата.

Вториот меч нашите најдобри ракометари ќе го имаат во ван на 16 октомври против селекцијата на Турција.

Лазаров за овие два меча избра вкупно 21 ракометар, списокот на повикани играчи можете да го погледнете ТУКА

– Ќе видиме како ќе се одвива ситуацијата во репрезентацијата. Ова е една „нова“ Македонија без Миркуловски, Стоилов, Лазаров, подмладена со неколку искусни ракометари. Селектиран е овој список за да можеме да градиме еден нов систем кој веќе се гради, да се догради. Пред себе имам една добра селекција, ќе пробраме да играме еден нов модерен ракомет. Што се однесува до противниците во нашата квалификациска група, ниту еден ривал не смее да се потцени. Фаворити сме против Луксембург, но тоа треба да се докаже на теренот. Турците знаат да бидат незгодни, напредуваат и нема да биде лесно на мечот во Ван – вели Лазаров.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот