МВР ќе поднесе кривични пријави против насилничките што го тепаа девојчето во Аеродром и против нивните родители за запуштање дете
Полицијата почна да го расчистува скандалозниот случај на меѓуврсничко насилство во Аеродром што беше сниман со мобилни телефони од страна на толпа малолетници. На видеата што вчера ги објави „Слободен печат“ се гледа како девојчето е малтретирано, понижувано, удирано со шлаканица од врсничка, натерано да клекне на колена додека друга врсничка ја држи за косата …

