ВИДЕО: Ад хок водоскок направи поплава во центарот на Скопје
Во строгиот Центар на Скопје, во просторот меѓу зградите кај АЕК и Археолошки музеј на Македонија, вчера пукна водоводна цевка и создаде голем водоскок, кој не изгледаше лошо, но го поплави околниот простор, јави „Фокус“. Водата се излеа по плоштадот, а потоа и по тротоарите и создаде мала поплава меѓу објектите на институциите.

