• удри во дрво

Автомобил излета од пат и удри во дрво

Синоќа околу 22 часот на регионалниот пат Кавадарци – мотел „Дреново“, кај градските гробишта, К.Г.(55) од Кавадарци, управувајќи возило „ровер“ со кавадаречки таблички, од засега непознати причини изгубил контрола врз возилото, кое пак излетало од патот и удрило во дрво. Во незгодата тешки повреди добил возачот кој бил пренесен и згрижен во болницата во Кавадарци.