Хорор во Нови Сад: Пронајдено мртво бебе сред улица
Во Нови Сад утринава е пронајдено мртво бебе сред улица, објави српски „Мондо“. На местото на настанот се присутни форензичарите, полицијата и Итната помош. Сѐ уште нема информации на кој начин починало бебето и како се нашло сред улица во Нови Сад. Според неофицијални информации, мајката е пронајдена во блиската зграда и е уапсена.

