Судар меѓу два камиони на скопската обиколница, извлечени татко и дете

Два камиони се судрија на скопската обиколница кај Радишани. Според првичните информации, од едниот камион се извлечени татко и дете, а како што дознаваме неофицијално, тие се во стабилна состојба. Од силината на ударот, предниот дел на товарното возило кое удрило во другиот камион е целосно уништен, објави А1.он.