Националното студентско тело поднесе иницијатива до Собранието да се изготви закон за студентска работа
Националното студентско тело соопшти дека до Собранието на Република Северна Македонија поднело иницијатива за изготвување Закон за студентска работа, која е изработена со поддршка на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност. НСТ информира дека иницијативата произлегува од заедничките заложби на студентските собранија низ државата и има цел да овозможи правна рамка за легално …

