ВИДЕО | Урнебесно: Тренерот на Валенсија одржа прес-конференција која траеше неколку секунди
Кошаркарите на Валенсија вчера претрпеа пораз од Париз во 11. коло од Евролигата, а по натпреварот внимание привлече една несекојдневна ситуација. Тренерот на Валенсија, Педро Мартинез, ја одржа најкратката прес-конференција во својата кариера бидејќи во салата немаше ниту еден новинар. Члановите на медиумите очигледно не покажаа голем интерес за изјава од стратегот на шпанскиот состав …

