Астрономи отворија петиција: „Македонија е дом на Кокино, а нема современа национална опсерваторија“
Скопското астрономско друштво започна иницијатива за изградба на современа национална опсерваторија, која би била достапна за науката, образованието и јавноста. Во склоп на иницијативата тие објавија и онлајн петиција. „Формирањето на астрономска опсерваторија во Македонија има долга, но за жал неуспешна историја. Во изминатите децении бројни професори, научници, академици, граѓани, здруженија и институции покренувале иницијативи …

