Спикерот на руската Дума наседнал на сатирична вест од хрватски портал, му ја раскажал и на Путин
Претседателот на долниот дом на Рускиот парламент, Вјачеслав Володин, на средба со претседателот Владимир Путин раскажал измислена приказна од хрватски сатиричен портал, уверувајќи дека станува збор за реален корупциски скандал во Европската Унија, го пренесе „Индекс“ пишувањето на руските медиуми. Зборувајќи за потребата од законски надзор врз вештачката интелигенција, Володин, според „Медуза“, предупредил дека технологијата …

