ФОТО+ВИДЕО | Макета на Усје „чуреше“ пред Министерството за животна средина, додека активисти расправаа за поголема контрола над Цементарницата
Седнати на столчиња и опремени со транспаренти со еко-пораки, активистите на иницијативата „Стоп за Усје“ денеска ја блокираа улицата пред Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП). Во вид на граѓанско собрание, активистите заседаваа за граничните вредности и контролите за загадувањето, со цел да дадат до знаење дека треба да се земат предвид барањата …

