• поток

ТРАГЕДИЈА ВО СЕЛО ГРУШИНО: Седумгодишно дете пронајдено мртво

Во текот на попладневните часови на вчерашниот ден  во полициското одделение Арачиново било пријавено дека претходно во текот на денот во селото Грушино од својот домот се оддалечил седумгодишниот Ш.Р. Вечерта од страна на полициски службеници детето било пронајдено во потокот крај селото, без знаци на живот. Телото на починатото момче е предадено на обдукција.