Оштетен воз кај Бунарџик, удрил во камен поставен меѓу шините

Вчера околу 18.30 часот на пругата Табановце-Скопје, поточно помеѓу железничка станица Миладиновци и железничка станица Илинден – во близина на надвозникот за с.Бунарџик, патнички воз наишол на камен поставен помеѓу шините. Од ударот во каменот направена е  материјална штета, а нема повредени лица.