• Порта Влае

Тешка сообраќајна незгода во близина на „Порта Влае“: Оштетени се повеќе возила

Тешка сообраќајна незгода се случи вечерва на булеварот „Партизански одреди“ во скопската населба Влае, во непосредна близина на комплексот „Порта Влае“, пишува Скопјеинфо. Во несреќата оштетени се повеќе возила и притоа е срушена метална бандера. На местото на настанот веднаш реагирале екипи на Брза помош, Противпожарната единица и полиција.