ВИДЕО | Пак дете виси од жичарница на Јахорина!
Откако пред три дена во босанскиот ски-центар Јахорина дете висеше од жичарница, по што падна и тешко се повреди, денеска се појави видео од нов сличен инцидент во ски-центарот. Како што извести порталот „Дрина Инфо“ второто дете, благодарение на брзата реакција на присутните, било успешно спуштено на земја. Не е познато дали е повредено. …

