• ограбувал

Малолетник од Гостивар ограбувал обложувалници

Синоќа околу 22.30 часот полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар на улицата „Панче Поповски” во Гостивар, во присуство на негов родител, лишиле од слобода малолетник, поради сомнение дека извршил тешки кражби во спортски обложувалници. Се расчистува и документира случајот, по што ќе следува соодветен поднесок.