ИНТЕРВЈУ | Нина Ангеловска-Станков: Отворање инстаграм-профил не е трговија, мит е дека ова е лесен бизнис
Македонија сè повеќе купува, плаќа и комуницира онлајн, но и покрај растот на е-трговијата, земјава сè уште е далеку од вистинска дигитална економија. Недовербата кај потрошувачите, сивата економија, недоволната дигитална писменост и неподготвеноста на дел од компаниите остануваат најголемите предизвици за развојот на онлајн пазарот. Во интервју за „Слободен печат“, Нина Ангеловска-Станков, претседателка на Асоцијацијата …

