Нетанјаху бара од Трамп да не ѝ продава авиони „Ф-35“ на Турција: „Режимот е заразен од Муслиманско братство“
Премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху, денеска побара од Соединетите Американски Држави да не ѝ продаваат на Турција авиони-ловци „Ф-35“, за да не се наруши балансот на силите во регионот, објави „Џерусалем пост“. „Не мислам дека треба да им се дадат ‘Ф-35’ или мотори за нивните борбени авиони, бидејќи тоа би го нарушило балансот на моќ …

