• магла

Деновиве стабилно со магла по котлините, во петок дожд

Во следните два дена ќе се задржи стабилно и претежно тивко време со магла по котлините. Според најавите од УХМР, во петок ќе биде променливо облачно со умерен северен ветер, а попладне и во текот на ноќта ќе има повремени врнежи од дожд. На повисоките планини ќе има услови за повремен снег.