Поранешната сопруга на принцот Ендру ја отстрани титулата од социјалните мрежи: Сара Фергусон повеќе не е војвотка од Јорк
Откако принцот Ендру објави дека повеќе нема да ги користи своите кралски титули (вклучувајќи ја и титулата војвода од Јорк), неговата поранешна сопруга Сара Фергусон ја отстрани титулата „војвотка од Јорк“ од своите профили на социјалните мрежи. Ферги, како што ја нарекуваат од милост, го промени својот профил на платформата Икс, поранешен Твитер, пишува „Пипл“. …

