• компјутерски систем

Уапсен скопјанец кој се заканувал на Фејсбук

Полицијата до Јавното обвинителство поднесе кривична пријава против В.Ч. (51) кој е осомничен за повикување на насилство, односно ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем преку социјалната мрежа Фејсбук. Полицијата извести дека од него е одземен мобилен телефон и е предаден за вештачење во Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика.