Нов споменик ќе никне во Скопје – првиот градоначалник Јосиф Михајловиќ-Јурукоски ќе добие спомен-обележје од 16.000 евра
Едно име што длабоко е втиснато во урбаната историја на Скопје ќе добие своја физичка трага во јавниот простор. Во 2026 година, Град Скопје планира да постави спомен-обележје на Јосиф Михајловиќ-Јурукоски – човекот што со децении наназад се споменува како темелоположник на модерното Скопје. За таа намена, во програмата за култура е издвоен износ од …

