Бугарин сакал да влезе во земјава со фалсификуван Зелен картон

Вчера утро на граничниот премин „Деве Баир“, при контрола на документи, бугарскиот државјанин И.Б.Т.(48) кој управувал камион „МАН“ со бугарски национални ознаки приложил меѓународната зелена карта за осигурување за која по проверката е утврдено дека е фалсификувана. Странецот е приведен и предаден на полициските службеници од полициската станица во Крива Паланка за понатамошна постапка.