• фонтана

ФОТО: Фонтаната на плоштадот Македонија е повторно вклучена

Со доаѓањето на потоплите, пролетни денови, дел од фонтаните во главниот град повторно почнаа да функционираат, а една од нив е и фонтаната на плоштадот Македонија. Имено, како и секоја година, фонтаната запира со работа заради ниските температури кои претстојат во текот на зимата, што може да доведат до оштетување на пумпите и водоводниот систем.