Ниту една фирма не се пријави за рушење на дивоградбата кај Мавровка, Општина Чаир денес треба да распише нов тендер

Откако истекоа законските рокови во кои непознатиот инвеститор требаше сам да ја урне дивоградбата пред ТЦ Мавровка, надлежноста за отстранување на објектот кој покрива површина од 330 метри квадратни припадна на Општина Чаир, која објави тендер за избор на фирма што ќе отстранува бесправно изградени објекти.

Сепак, ТВ24 инфомира дека ниту една фирма не се пријавила на тендерот и дека денес повторно ќе биде објавен јавен повик со истите критериуми.

Од Општина Чаир не разјаснуваат што ќе се случи доколку повторно не се пријави ниту една фирма за рушење на дивоградбата кај ТЦ Мавровка, на местото на кафулето „Фонтата“.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот