ВИДЕО: На вештачки остров во Дубаи отворена најголемата фонтана во светот: Две Гинисови атракции на вода во ист емират

Фото: twiter/printscreen

На вештачкиот остров Палм Џумеира во Дубаи, вечерва е отворена Палм Фонтана која го презеде приматот од Дубаи фонтаната, со години беше најголема во светот, и влезе во Гинисовата книга на рекорди.

Низ целодневна забава, натпреварувања, танцови претстави, огномет и ди-џеј сетови, Дубаи покажа дека туризмот, и во време на пандемија на ковид-19, му е на прво место. На спектаклот по повод пуштање во употреба на новата, најголема, фонтана во светот присуствуваа неколку илјади луѓе кои, сепак, ги почитуваа епидемиолошките мерки и препораки.

Новата водена атракција се простира на површина од 14.000 квадратни метри, централниот дел на Палм фонтаната оди до 105 метри и го следат повеќе од 3.000 ЛЕД сијалички. Во фонтаната се наоѓа морска вода што циркулира директно од Персискиот залив, без потреба од резервоар или опрема за нејзино филтрирање. Палм фонтаната има и аудио систем со високи перформанси и 86 звучници од двете страни.

Палм фонтаната ќе има 20 емисии со пет различни претстави што секојдневно ќе се прикажуваат од 19 часот, кога заоѓа сонцето, до полноќ додека водените перформанси ќе бидат следени од популарни песни од арапскиот свет, но и глобални хитови. Секоја емисија ќе биде со времетраење од три минути и ќе се изведува на секои 30 минути.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот