• две жртви

Трагедија во Шуто Оризари, две дечиња починаа во пожар (ФОТО)

Во пожар во куќа во населбата Шуто Оризари во Скопје загинале две дечиња, откако огнот се проширил и зафатил и дел од околните куќи. Според информации од МВР, пожарот кој зафатил четири куќи,  избувнал во куќа на улицата Брсјачка Буна. Куќата целосно изгорела, а на местото се упатени екипи за итна медицинска помош.