Се скарале, па се истепале двајца скопјани

Вчера во 20.15 часот во МВР е пријавено дека на улицата „Радишанска“ по претходна вербална расправија во семејната куќа бил нарушен јавниот ред и мир со меѓусебна пресметка помеѓу И.Ш.(47) и Т.Ш.(46) двајцата од Скопје. По интервенција на полицијата против двајцата насилници ќе биде поднесена пријава.