Вардар пронајде засилување од редовите на Брера
Македонскиот фудбалски шампион Вардар го донесе второто засилување за следната сезона. Во најтрофејниот македонски клуб се сели довчерашниот голман на Брера, Даниел Диковски кој со „црвено-црните“ потпиша договор на три сезони. Деветнаесетгодишниот Диковски за Брера запиша 14 настапи со вкупно 1.170 минути, прими 19 гола, а на четири меча ја сочува својата мрежа. Вардар претходно …

