Демиркапијци се истепале во кафеана

Во СВР Велес, синоќа  околу 19 часот било пријавено дека во угостителски објект во Демир Капија бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Ж.К.(57)  и М.Ч.(42), двајцата од Демир Капија. Како што информираше денеска Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес, по   целосно   документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.