ФОТО: Пропадна булеварот „ВМРО“ пред Пошта, лентата е затворена за сообраќај

Голема дупка во асфалтот се отвори на булеварот „ВМРО“ попладнево, во близина на Македонска пошта, објави ТВ21. Полиција го обезбедува просторот и третата лента од булеварот, еден од најпрометните во Скопје, е затворена за сообраќај. Слична дупка неодамна се отвори и на булеварот пред Министерството за надворешни работи.