Сведок во судница: „Додека пациентката ми умираше дома, директорот на Геријатрија се пазареше со мене како да дојдам до нејзиниот имот“
Жената која ги пријави екс-директорот на ЈЗУ Специјализирана болница за геријатриска и палијативна медицина Мухсин Арифи, како и негувателот од истата болница Блерим Амити дека ѝ барале 20.000 евра капар за да сместат неподвижна пациентка со повеќе здравствени состојби во болницата, денеска сведочеше во Основниот кривичен суд. Во предметот Обвинителството за гонење организиран криминал и …

